Лекот „Хепарин“ што вообичаено се препишува против заболувања на крвта, може успешно да се користи како евтин противотров по каснување од кобра и други отровни змии, открива тим научници од Австралија, Канада, Костарика и Велика Британија.
Докторантот Тијан Ду, исто така од Сиднеј, се согласува дека откритието е голем чекор напред.
– „Хепаринот“ е евтин, сеприсутен и есенцијален лек од списокот на Светската здравствена организација, заклучува Ду.
Доктор Николас Кејсвел од Ливерпул нагласува дека каснувањето од змии сè уште е најсмртоносното од сите тропски болести.
– Нашите наоди се возбудливи бидејќи сегашните противотрови се во голема мера неделотворни против посериозно зафаќање (на каснатото место), што вклучува болен брзорастечки оток, плускавци и / или ткивна некроза околу зафатеното место, што често доведува до губење на функцијата на екстремитетите, ампутација и доживотна попреченост, истакнува проф. Кејсвел.
Целта е, пред сѐ, намалување на смртноста и повредите од каснување од змија во најсиромашните заедници во светот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.