Земјотрес со јачина од 4.5 степени беше регистриран на 15 километри источно од грчкиот град Нафпактос според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот беше кусо пред 17 часот по локално време, а нема информации за повредени или причинета материјална штета.