Поминаа повеќе од четири години откако Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија. Поранешниот холивудски пар во моментов се во жестока битка за старателството над нивните шест деца.

Додека голем број на настани се случија оваа година поврзани со правната битка на деценијата, деновиве американските медиуми деновиве почнаа да пишуваат дека Анџелина можеби ќе употреби друг вид на докази кои ќе ги искористи за придобивање на случајот на нејзина страна.

Instagram
Instagram

Американскиот магазин „Life&Style“ тврди дека Анџелина поседува неколку стари снимки кои сака да ги искористи против Бред Пит.

Имено, актерката го „пролонгира“ правниот процес зашто што подготвува „одмазда“. Таблоидот тврди дека ѕвездата се обидува да му се одмазди на поранешниот сопруг откако Бред ја одвел германската манекенка Никол Потуралски на нивниот имот.

Очигледно, Анџелина е „понижена“ од развојот на настаните, но тоа не ја спречува да ја истера правната битка до крај. Извори тврдат дека таа поседува „тајни“ снимки што можат да му го уништат имиџот на Бред.

EPA EFE
EPA-EFE/ FACUNDO ARRIZABALAGA

Снимките се состоеле од видео и телефонски снимки кои Анџелина ги документирала од настани што се случувале во периодот пред нивното разделување. Овие снимки, се тврди дека „може да бидат поразителни за имиџот на Бред“ и неговата слика на „добродушен и семеен човек“.

Пријателите на Бред, наводно, се плашат дека Анџелина можеби го снимила пијан или во моменти кога им викал на децата.

Додека ваквиот пресврт на настаните е шокантен, сепак мораме да имаме предвид дека станува збор за непроверени тврдења од сомнителни извори. За ова, сега за сега, нема реакција од Бред или Џоли, ниту од нивните адвокати.