Во петок, во длабока ноќ, во име на ,,новата” коалиција со ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ги подели кексите, гурабиите и млекото. Повеќе, наспроти ветеното помалку. На гордоста и нема крај, пишува Сања Лукаревска, од СДСМ.
Таа ова го напиша откако доцна синоќа со 88 пратенички гласови ЗА беше изгласан поднесениот предлог закон од Христијан Мицкоски за реконструкција на министерствата и формирање на нови, со што Македонија ќе добие 20 министерства и три министри без ресор.
Законот, за кој беше потребно двотретинско мнозинство, или најмалку 80 пратеници за гласаат ЗА, помина со помош на гласовите на Европскиот фронт на чело со ДУИ. Пратениците на СДСМ и Левица гласаа против.