Пред изгласувањето на предлог законот поднесен од Христијан Мицкоски, доцна ноќеска во 2 часот по полноќ, се сретнале тимови на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт предводен од ДУИ.

На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт беа присутни Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.

На оваа средба било разговарано на оваа тема, каде што преставниците на коалицијата Европски Фронт изразиле поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на законот.

Веднаш потоа во Собранието 11 пратеници од Европскиот фронт, од вкупно 18, гласаа ЗА предлогот на Мицкоски за формирање на нови министерства и реконструкција на дел од постоечките.