Таа е жена со непогрешливо чувство за мода и стил…
Шерон Стоун со секое ново издание им дава модни лекции на жените ширум светот. Иако, оваа година го прослави 62-от роденден, таа не се откажува од младешките комбинации, а ние мора да признаеме дека и стојат одлично.
Со секој стајлинг привлекува огромно внимание и позитивни оценки од модните критичари. Освен со совршениот стил, може да се пофали и со совршената линија и младоликиот изглед.
На прашањето како и успева да изгледа така добро, таа вели: „Не јадам вештачки третирана храна, не пијам кафе и многу ретко консумирам газирани пијалоци и алкохол“, изјави познатата блондинка и додаде „Но затоа јадам месо, темно чоколадо и без проблем додавам шеќер во чајот доколку посакам“.
Погледнете ги нејзините модни комбинации кои им се допаднаа на сите…
Преземено од Еспресо.мк