За многу луѓе првиот Божиќ со семејството на нивниот партнер знае да биде голем па дури и застрашувачки предизвик, а како што пренесува магазинот New Idea, таков бил и за принцезата Дијана.
Во 1981 година таа требало да го прослави првиот Божиќ со кралското семејство.
Меѓутоа, кралското семејство имало малку поинаква традиција за овој празник од останатите луѓе. Наместо корисни и вредни подароци, тие едни на други си дарувале бесмислени, смешни и симболични подароци. Меѓутоа принцезата Дијана не знаела за тој обичај, а принцот Чарлс заборавил да ѝ напомене.
Така, Дијана на принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета, ѝ купила џемпер од кашмир, а од неа добила на подарок држач за тоалетна хартија.
Во тој момент, сите членовите на кралското семејство почнале гласно да се смеат, а Дијана многу се засрамила, пренесол извор близок на британското кралско семејство.