Забоболката има незгодна навика да се појави ненадејно и во неочекувано време, обично на сред ноќ или кога сме оддалечени на километри од најблискиот заболекар. Но, за оваа непријатна болка постои одличен домашен лек, кој делува како антисептик и анестетик.
Спасот за непријатната болка во забите е каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства. Имено, каранфилчето содржи еугенол, моќен анестетик и антисептик кој ја запира болката, а истовремено ја чисти вашата уста и може да се користи за отстранување на лошиот здив.
Има три начини на кои може да се ослободите од забоболката со помош на карнфилче:
1. Каранфилче во прав
Прво измијте ја устата со топла солена вода. Земете еден прстофат каранфилче и ставете го на непцето од забот кој ве боли. Почекајте малку и домашниот лек за кратко ќе ја покаже својата моќ.
2. Цело каранфилче
Измијте ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во уста, во близина на подрачјето кое ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, лесно (колку што ви дозволува забоболката) џвакајте ги додека не ги ослободат своите лековити масла.
3. Масло од каранфилче
Ова е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против забоболката.
Потребно ви е: Масло од каранфилче, стапче за уши и половина лажица маслиново масло.
Начин на употреба: Устата убаво измијте ја топла солена вода. На тој начин ќе го подготвите непцето полесно да го впие маслото. Помешајте неколку капки од маслото од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Со стапчето нанесете го лекот на местото каде што ве боли со лесно притиснување неколку пати.
Имајте на ум дека ова е само брз и краткотраен начин да се ослободите од болката. Не ја одложувајте посетата на стоматолог, консумирајте помалку солена и слатка храна и редовно чистете ги забите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.