Властите во градот Јакутск, еден од најстудените градови во светот, во петокот ги истратија дома децата кога температурата падна на минус 48, но децата наместо да си дојдат во топлите домови, отидоа да си поиграат на снегот.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи и набрзо стана вирално се гледаат децата од Јакутск како весело си играат без оглед на тоа што надвор е минус 48 степени, а еден од коментарите беше навистина духовит: „веројатно им ставиле антифриз во млекото“, пишува Дејли мејл.
Еве ја таа безгрижна детска игра:
It was -48C earlier today in Yakutsk which meant that lessons were cancelled, so… Video via Djiikey pic.twitter.com/5wyx8EiauQ
— The Siberian Times (@siberian_times) December 15, 2020