Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од Неон Карловасион, град на островот Самос во Егејското Море, на длабочина од десет километри.
Засега нема информации за евентуални материјални оштетувања или за повредени.