„За еден месец на територијата на СВР Скопје имаме два немили настани: убиството на лекарот и пукањето во Арачиново. Имаме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради немање доволно докази. Според оние сознанија кои ги имаме, лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено и телото оставено во автомобилот. И натаму не е открен мотивот на убиството“, рече Бојмацалиев за Слободен печат.

-Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен, велат од Обвинителството за „Фокус“.