Полицијата активно трага по лицето кое што вчера пукаше со автоматска пушка кон градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

Имено, при пукањето Ибрахими вршел надзор на работите на тротоар на главниот пат. Со него биле и неговото обезбедување и возачот.

Градоначалникот Ибрахими се спасил и е неповреден, додека пак возачот и обезбедувањето се здобиле со телесни повреди на местото на настанот. Потешко рането е лице на 21-годишна возраст. Тој се наоѓа на торакална клиника во Скопје каде му е отстранет дел од белите дробови, додека пак другото лице е во Градската болница Свети Наум, во добра здравствена состојба, односно при свест.