Шпанија презеде голем чекор кон легализирање на евтаназијата, откако денес Долниот дом на Парламентот го одобри предлог-законот, со кој им се дозволува на смртно болните пациенти да изберат одземање на својот живот.
Spain, 6th country with legal euthanasia. https://t.co/ILcegLcrOA
— Idafe Martín Pérez (@IdafeMartin) December 17, 2020
Предлог-законот, кој е усвоен со 198 гласови „за“ и 138 гласови „против“, сега ќе му биде испратен на Сенатот на разгледување.
Доколку биде усвоен, Шпанија ќе стане четврта земја во ЕУ која ја легализирала таквата пракса, по Белгија, Луксембург и Холандија. Ако се остварат прогнозите, законот ќе стапи во сила во текот на следниот месец.
Spain becomes the fifth country to legalise euthanasia. https://t.co/CiR3s3meOl
— grahamkeeley (@grahamkeeley) December 17, 2020
Законот предизвика жестока расправа во и надвор од Парламентот.
– Како општество, не можеме да останеме пасивни кога ќе се соочиме со неподнослива болка што ја трпат многу луѓе, им рече на пратениците шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.
– Законот за евтаназија претставува пораз на цивилизацијата и победа на културата на смртта за оние кои веруваат дека нечии животи се повредни од другите, истакна лидерот на партијата Вокс, Сантјаго Абаскал.
Пред Парламентот се собраа демонстранти, кои носеле транспаренти „Влада на смртта“.
Католичката црква, која има големо влијание во Шпанија, ја смета евтаназијата како убиство, кога докторот активно му помага на пациентот да умре, како и потпомогнато самоубиство каде докторот му дава смртоносна супстанца на пациентот.
Евтаназијата е легална во Белгија, Канада, Колумбија, Луксембург, Холандија и Швајцарија. Во некои држави во САД дозволено е самоубиство со медицинска помош – каде што пациентите сами даваат смртоносен лек, под медицински надзор.