Заменик народниот правобранител Јован Андоновски вели дека заменик министерката Маја Манолева не ја говори вистината.
„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот. Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината. ФЗО – во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас , НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша Андоновски на друштвените мрежи.
Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување, рече на денешниот брифинг со новинарите директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, образложувајќи зошто Фондот го одби барањето да го покрие лекувањето во Австрија на 18-годишниот Леонид Индов.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.