Чилеанскиот претседател Габриел Борич од денеска прогласи дводневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари во регионот Валпараисо во централно Чиле. Во пожарите загинаа најмалку 112 лица.
Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем, додека пожарникарите изутринава продолжиле со гаснење на 40 активни пожари.
Околу 1.400 пожарникари и 1.300 војници и доброволци четврти ден по ред беа ангажирани во гаснењето на шумските пожари кои го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле.
Претседателот Борич, кој синоќа ги посети погодените области изјави дека тоа е една од најголемите трагедии од 2010 година, кога земјата беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.
Помеѓу три илјади и шест илјади куќи беа оштетени или уништени во пожарите. Уништени се околу 43 илјади хектари шуми.