Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово соопштија дека нивни борбени авиони го нападнале и бомбардирале домот на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Газа.
Инаку, Ханије, кој се смета за главен водач на милитантната група, веќе неколку години живее во Катар.
„Во текот на ноќта, борбени авиони на ИДФ ја нападнаа резиденцијата на Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на Хамас. Резиденцијата се користела како терористичка инфраструктура и место за состаноци на високите лидери на Хамас за насочување на терористичките напади против Израел“, се наведува во објавата на израелската војска на социјалната мрежа Икс (претходно Твитер) на која е објавено и видео од нападот.