Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по трет пат за еден месец патува на Блискиот Исток.

Во рамки на нејзината блискоисточна турнеја, таа ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Израел.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека состаноците на Бербок ќе се фокусираат на ослободувањето на германските заложници кои Хамас ги држи во Газа, хуманитарната ситуација во енклавата и напорите да се спречи регионално разгорување на конфликтот.