НАТО ја осуди одлуката на Русија за повлекување од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа и најавија прекин на неговото спроведување како одговор на рускиот потег.

– Сојузниците ја осудуваат одлуката на Русија да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), како и нејзината воена агресија врз Украина што е во спротивност со целите на Договорот, се наведува во соопштението на НАТО.

Русија формално се повлече од безбедносниот договор, кој ги ограничува клучните категории на конвенционални вооружени сили, обвинувајќи ги САД дека со проширувањето на НАТО го поткопале на безбедносниот систем создаден по Студената војна.

САД како реакција на руската одлука најавија суспензија на обврските од Договорот почнувајќи од 7 декември.