Утрово, во белградската населба Железник, се случи голема трагедија кога тригодишно дете загина во пожар.

Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, мајката на детето ја однела својата постара ќерка во основно училиште, а тригодишното дете останало да спие.

Пожарот избувнал во барака од 30 метри квадратни, при што детето починало на лице место. Полицијата и пожарникарите се на терен, а како што неофицијално се пишува, пожарот настанал поради неисправни електрични инсталации. Српските пожарникари биле известени во 8 часот и за четири минути биле на лице место, го локализирале пожарот, но за момчето било предоцна.