Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, изјави портпаролот на израелската војска Даниел Хагари.

„Во текот на изминатиот ден не се пријавени дополнителни инфилтрации и нема докази за прекугранични тунели“, рече Хагари.

Портпаролот додаде дека израелските одбранбени сили (ИДФ) минираат делови од граничната ограда што беа пробиени од борците на Хамас во саботата.

Израелската армија проценува дека мал број екстремисти се уште се кријат на израелска територија.

Израелските одбранбени сили објавија дека во текот на ноќта во Газа биле погодени повеќе од 200 цели.

„Во последните часови, воени авиони и бродови на ИДФ нападнаа многу цели на терористичките организации низ Појасот Газа. Десетици борбени авиони нападнаа над 200 цели низ населбата Римал и Кан Јунис во текот на ноќта“, се вели во објавата во „Икс“.

Прикажи повеќе