B itish B oadcasti g Co po atio (BBC) побара од судот да го задолжи американскиот претседател Доналд Трамп да даде исказ во судскиот спор за клевета што тој самиот го покрена против медиумската куќа, барајќи отштета од 10 милијарди долари (8,6 милијарди евра). Адвокатите на Трамп првично се согласија исказот да биде земен на 16 октомври, но подоцна побараа одложување за јануари, пренесува „Еуроњуз“.
Во поднесокот до судот, правните застапници на BBC наведуваат дека, и покрај тоа што процесот на прибирање докази трае речиси осум месеци и веќе се сослушани седум сведоци, тие сè уште немаат добиено исказ од клучната личност.
„По речиси осум месеци прибирање докази, седум сведоци сослушани од страна на BBC, и со оглед на тоа што остануваат само два месеца до крајот на постапката, BBC сè уште не успеа да го сослуша клучниот учесник во овој случај – самиот тужител – а не е одреден ниту датум за тоа“, се вели во документот.
Како резултат на тоа, правниот тим на британската медиумска куќа побара од федералниот суд на Флорида да му наложи на Трамп да одреди датум, а прашањето да биде разгледано на рочиште на 22 октомври. Портпаролот на правниот тим на Трамп не ги објасни причините за одложувањето, но ги повтори обвинувањата против BBC. Тој изјави дека претседателот сака да ја повика медиумската куќа на одговорност за „клевета и непромислено мешање во изборите, исто како што ги повика на одговорност и другите големи медиуми кои шират ’лажни вести‘“.
BBC asks judge to fo ce T ump to sit fo depositio i $10b defamatio lawsuit https://t.co/d3eXJEJQPJ
— vo thi goc ga (@vothi goc 49711) Octobe 15, 2026
Трамп поднесе тужба во декември 2025 година во врска со документарниот филм „Трамп: Втора шанса“. Во неа, тој го обвинува британскиот јавен сервис за клевета, како и за измамнички и нефер деловни практики. Во тужбата, која се состои од 33 страници, се наведува дека Би-би-си го прикажал претседателот на „лажен, клеветнички, доведувачки во заблуда, омаловажувачки и злонамерен начин“, а самиот филм е опишан како „дрзок обид за мешање во претседателските избори во САД во 2024 година и влијание врз нивниот исход“.
Би-би-си призна дека во филмот биле уредени делови од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, со што се создава впечаток дека тој поттикнувал насилство во Капитолот. Организацијата упати извинување, а двајца раководители поднесоа оставки, иако наводите за клевета беа отфрлени.
Нападите на Трамп врз медиумите – кои вклучуваат тужби за огромни отштети, ограничување на пристапот и навреди упатени кон новинарите – беа честа појава за време на неговата администрација. На пример, во април, еден федерален судија ја отфрли неговата тужба за клевета против весникот „Волстрит журнал“, во која тој исто така бараше отштета од 10 милијарди долари.



















