Пет камиони со зелена боја, нови, купени во мај, со ознаки на К.С.А. Интернационал, фирмата во сопственост на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, се ангажирани за работа во ТЕЦ Осломеј и работат на санација на свлечиште, објави Телма.

Но, во документите на Бирото за јавни набавки, К.С.А. никаде не фигурира како добитник на тендер за Осломеј, објави Телма.

Во термоцентралата се забележани и камиони на фирмата Адастра, фирма во која еден од сопствениците е поранешниот директор на Шпаркасе Банка, Хрватот Саша Боко. Удели во оваа фирма имаат и компаниите Аваз Холдинг чиј управител е Осман Муртеза, поранешен инжењер во Трансмет и Би-Холдинг во сопственост на член на семејството на градоначалникот на општина Пласница, Алија Јахоски и неговиот брат, пратеникот на ДУИ, Исмаил. Сите фирми, освен К.С.А. на Смајлај, беа дел од шемата фирми кои според ДКСК учествувале во попречувањето на конфискацијата на имотот на Трансмет преку пресуда во случајот „Труст“. Од ЕСМ и ТЕЦ Осломеј на прашањата за К.С.А. и за АДАСТРА, посочија трета фирма која го одбила тендерот вреден околу шест и пол милиони евра, пренесе Телма.

Целата вест на Телма.