Малиот Груевски – Мицкоски, освен за блокади друго и не знае, велат од СДСМ.

Како што се вели во нивното соопштение, со блокирање на европскиот пат на државата, ја продолжува политиката на својот претходник, кој 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО.

-Малиот Груевски на граѓаните наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии,  пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европски фондови, им нуди неизвесност и несигурна иднина. Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, велат од СДСМ.