По повод денешните вооружени инциденти на северот на Косово, во кои еден косовски полицаец е убиен, а еден е ранет, претседателот на Србија Александар Вучиќ попладнево најави вонредно обраќање пред јавноста, пренесуваат српските медиуми.

Потсетуваме, косовскиот премиер, Албин Курти преку својот профил на Фејсбук објави дека синоќа околу 3 часот по полноќ во селото село Бањска била нападната косовската полиција, при што еден полицаец е убиен, а друг е повреден.