Над 5 000 луѓе се претпоставува дека се загинати, а 10 илјади се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија во невремето кое предизвика катастрофални поплави и доведе до уривање на две брани.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на владата на истокот на Либија изјави дека бројот на загинати во поплавите во градот Дерни во источна Либија се искачи на 5 200 лица, додека директорот на болницата изјави дека има 2 200 загинати.
Веќе се објавени и сателитски снимки од поплавеното подрачје кои се направени во август и по поплавите.
Владини претставници велат дека бројот на загинати може да се искачи и над 10 илјади, а истиот број го споменуваат и од Црвениот крст и Црвената полумесечина.