Двајца државјани на Северна Македонија со престој во Мароко се пријавиле во дипломатско конзуларно претставништво во Каиро, информираше МНР. Тие се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид.
Од МНР ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро и на СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.