Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ преку соопштение реагираше на предлог-измените на Кривичниот законик. Според нив тоа ќе значи легитимирање на организираниот криминал.

-Предлог измените кои денеска беа претставени пред пратениците ги сметаме за легитимирање на организираниот криминал и уште поголемо стимулирање на корупцијата од страна на политичарите. Ова додава масло на огнот на културата на неказнивост што ја зафати оваа земја која се обидува да стане држава. Владеење на правото не постои.  Трите најголеми партии се претворија во Бермудски триаголник, уништувајќи го секој сон дека вреди да се живее оваа земја. Со ова се отвора и патот за бран на масовни преселби, бидејќи како резултат на лопови политичари, идните генерации овде веќе не ја гледаат иднина, велат од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.

Според нив, овие измени се случуваат и со тивко одобрување и на меѓународната заедница.

-За жал, целиот овој грд театар се прави за пазарувања за да се обезбедат уставните измени во име на евроинтеграциите. Она што е разочарувачки за граѓаните е што сето ова зло што се случува денеска пред нашите очи, поминува без никаква реакција на меѓународната заедница, оставајќи горчлив вкус да се верува дека сето тоа се прави и со нивно тивко одобрување, посочуваат од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.