Со претседателот Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и колегите министри денеска бевме пречекани во корпорацијата „Деволи“ и компанија „Комодита“ во Косово од сопственикот г-н Деволи. Тоа на социјалната мрежа Facebook го напиша првиот заменик премиер на РС Македонија Артан Груби.

„Им честитавме на раководниот кадар на оваа корпорација за нивниот придонес во отворањето нови работни места. Тие во моментот имаат 4.900 вработени и извезуваат во 25 земји.
Со оглед на тоа што Devolli Corporation работи и во нашата земја со 20 продавници на брендот Commodita, разговаравме и за подготвеноста на локалните институции да поддржат проширување на инвестициите и со тоа отворање нови работни места во нашата земја“, напиша Груби.