Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ кој во видео изјава, неаргументирано лицитира со бројки, тврдејќи дека на фарма во Карбинско Тарици од свинска чума се заболени 10 илјади свињи. Како одговорна институција одговорно тврдиме дека станува збор за изолиран случај на 9 заболени животни на едно одгледувалиште кај кои е потврдено присуство на вирусот на болеста африканска свинска чума.

АХВ навреме презема мерки за  спречување на ширење и ставање од контрола на болеста согласно законските и подзанонските акти и препораките на еминентни светски ветеринарни организации. Впрочем, потврдувањето на жариштето на болеста на фарма во селото Таринци, утврдено е во рамки на пасивниот надзор на болеста африканска чума кај свињите кој го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ уште од првиот ден е во интензивни контакти со сите релевантни институции и со локалната самоуправа која има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни.

Сега е време за акција, а не за политикантство и затоа, како институција најодговорно ги демантираме ваквите изјави со кои само се замајува јавноста за печалење на ситни политички поени.