Министерот за надворешни работи на Северна Македонија и воедно потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека „Европскиот фронт е отворен за сите“, алудирајќи на вклучувањето на партијата на Аријанит Хоџа во владата, велат од Алтернатива.

Во нивното соопштение се вели:

Министерот Османи на овој начин сака да го стигматизира и подели албанското општество на оние кои се за ЕУ и оние кои се против. Според него, „општеството во Северна Македонија е поларизирано како никогаш досега“.

Со оваа изјава, констатираме два изопачени и злонамерни ставови на Бујар Османи. Прво, да се биде поддржувач или пречка за евроинтеграциите тоа не го одредува односот со една или со друга партија, туку самите партии кои преку нивните изјави, преку нивниот формален и програмски ангажман и преку нивниот политички активизам докажуваат во чија кауза се. Втората лага се однесува на поларизацијата околу темата за Европската унија.

Факт е дека, како никогаш досега, политичката сцена во Северна Македонија е единствена и заинтересирана за интеграцијата на земјата во ЕУ, барем од декларативен аспект. За тоа сведочат сите албански политички партии! Во овој случај, пристапот на Османи преку фразата „кој
не е со нас (ДУИ) е против нас, односно против Европа“, со изговор дека тие се чуварите и филтрите на проевропската ориентација на државата, интегрирајќи ги во нивниот фронт сите новосоздадени партии под новото лого „Соравија-Еуровиа“, има за цел да ја поделат обединетата опозиција
и ништо друго.

Оценувајќи ја оваа изјава како злобна и злонамерна, АлтернАтивА уште еднаш изјавува дека не само што сме за интеграцијата на земјата во ЕУ и за уставни измени, туку го додадовме и нашиот предлог-уставен амандман за борба против корупцијата, нешто што сите го кажаа дека тоа е
неопходно, но до денес никој не го поддржаа. А всушност првата врата на Европската Унија е токму борбата против корупцијата, нели?!

Затоа му се обраќаме на министерот Османи со оваа порака: „Доколку сте навистина за Европската Унија, изјаснете каков е ставот на ДУИ за амандманот на АлтернАтивА за борба против корупцијата!“. Затоа што ЕУ не е слоган што крие корупција како „Соравија“ и „Еуровиа“, туку унија базирана на борбата против корупцијата.