Командантот на руската платеничка формација Вагнер и нејзиниот соосновач Дмитриј Уткин се исто така меѓу оние кои се наоѓале во авионот што синоќа се урна во таа земја, соопшти Федералната агенција за цивилен транспорт на Русија, пренесува Би-Би-Си.
Some indications of this what happen with Prigozhin and Utkin pic.twitter.com/m88RHKMZOU
— Left Bank of Dniepro River 😈🧨😈 (@BlueYelowBlue) August 24, 2023
Таа агенција претходно потврди дека меѓу десетте патници и членови на екипажот во авионот бил и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, водачот на краткотрајниот и неуспешен бунт против военото раководство на Кремљ во мај оваа година.
Телеграмскиот канал Сива зона, за кој се верува дека е близок до Вагнер, објави дека и Пригожин и Уткин загинале во авионската несреќа.
Светските медиуми јавуваат дека авионот бил приватен и дека се урнал во областа Твер северно од Москва, главниот град на Русија.
Претставници на рускиот граѓански транспорт потврдија дека авионот „Ембраер Легаси“ летал меѓу Москва и Санкт Петербург и превезувал седум патници и тројца членови на екипажот. Нивните имиња се објавени.
Меѓу патниците беше и Валери Чекалов, близок соработник на Пригожин, кој беше ставен на списокот на санкционирани лица од Русија од страна на американското Министерство за финансии бидејќи „обезбедувал испораки на муниција во Руската Федерација за Пригожин или во негово име“.
Според првичните информации, сите во авионот загинале.
Русија започна истрага за причините за падот на авионот.
Телеграмскиот канал Сива зона тврди дека Пригожин бил убиен од „предавници на Русија“.