Новинската агенција ТАСС јави дека приватен авион Ембраер се урнал во регионот Твер. Меѓу патниците во авионот бил и шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин. Сите лица во авионот загинале, соопшти прес-службата на Министерството за вонредни состојби на Русија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Авионот Ембраер летал од аеродромот Шереметјево во Москва за Санкт Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Сите загинаа“, изјави претставник на министерството.

Според првичните информации, инцидентот се случил во близина на Куженкино.

Службата за итна помош извести дека се пронајдени телата на четири лица. Авионот изгорел кога удрил во земјата. Беше во лет помалку од половина час.

Росавијација започна истрага за инцидентот.