Русија го прекина учеството во договорот за извоз на жито преку Црното Море, објави денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција најави раскинување на договорот, додавајќи дека Русија ќе се врати на договорот откако ќе бидат исполнети нејзините барања.
„Кога ќе се спроведе делот од Црноморскиот договор што се однесува на Русија, Русија веднаш ќе се врати на спроведувањето на договорот“, рече Песков.