Манчестер Cити се уште се во игра за три трофеи оваа сезона. Пеп Гвардиола и неговите играчи се надеваат на триумф во Премиер лигата каде се први на табелата, Лигата на шампионите во која играат полуфинале и ФА Купот во кој за трофејот ќе се соочат со Манчестер јунајтед.
Три освоени титули би додале околу 330 милиони евра во клупската каса. Англиските медиуми пишуваат дека петтата титула во последните шест сезони од Премиер лигата на клубот би му донела околу 190 милиони евра. Фудбалерите на Сити имаат уште натпревари против Евертон, Челзи, Брајтон и Брентфорд. Клубот би добил дополнителни 4,5 милиони евра за освојување на ФА Купот.
Освојувањето на Лигата на шампионите носи околу 135 милиони евра, но и можност за зголемување на буџетот.
Доколку ја освои Лигата на шампионите, Сити ќе оди на Светското клупско првенство. Наградата за негово освојување изнесува околу 58 милиони евра.