Без победник (1:1) заврши првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампионите помеѓу Реал и Манчестер Сити. Наредната среда на програмата е реваншот во Манчестер, по кој ќе биде познато кој ќе патува на финалето во Истанбул. Реал на „Итихад“, ќе брка резултат, а токму Бензема и соиграчите се најопасни во вториот мандат на Карло Анчелоти. Минатата сезона, Реал со неверојатни пресврти ги елиминираше Челси и Манчестер сити. Разликата е само во тоа, што лани реваншот Реал ги играше на домашен терен.

Што вели традицијата?

Како поминува Реал кога ремизираат 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар. Реал пред овој двомеч шест пати бил во таква ситуација, само еднаш успеа да направи позитивен резултат на гостински терен.

Тоа се случи во сезоната 2012/13. кога одигра 1:1 против Манчестер Јунајтед во Мадрид во првиот осминафинален натпревар. Во реваншот на „Олд Трафорд“ беше 2:1 за Реал и тие поминаа во следната фаза. Последен пат во ваква ситуација Реал се најде во сезоната 2020/21.

Тогаш во оваа фаза Реал се најде против, како и сега, клуб од Премиер лигата. Челзи предводен од Томас Тухел успеа да избори 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, а во реваншот на „Стемфорд Бриџ“ беше 2:0 за сините, кои потоа ја освоија титулата./Makfax/

Прикажи повеќе