Под присила и со закани двајца тинејџери извршиле полово насилство врз малолетник во Скопје. Грозоморниот чин го снимале, а потоа видеото си го споделувале меѓу себе. За случајот се дозна откако мајката на жртвата случајот вчера го пријавила во полиција, информира МВР.

„На 27.04.2023 околу 22.43 часот во полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица“, велат од МВР.