Кавадарци доби по две хуманитарни и еколошки паркинг места. Директорот на јавното претпријатие ,,Паркинг”, Јордан Настов, попладнево појасни за МИА дека станува збор за заеднички активности со Црвениот крст, во координација со кавадаречката локална самоуправа.

– Станува збор за одлука што веќе помина на Управниот одбор на претпријатието, но и на Советот на општината Кавадарци. Се работи за вкупно четири паркинг места во централното градско подрачје. Собраните финансиски средства од пратените СМС пораки за паркирање на овие паркинг места, ќе се донираат во хуманитарни и еколошки цели, додаде Настов.

Тој нагласи дека квартално ќе се одлучува точно каде ќе бидат донирани, на ваков начин обезбедените финансиски средства. Одлуката за тоа, каде ќе се донира, ќе ја донесе Советот на општина Кавадарци.