Започнува проектот „Оброк за секое дете“ во Кавадарци,  наменет за учениците од основно образование, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Од вторник, втори мај, официјално започнува со реализација проектот „Оброк за секое дете“, што беше дел од мојата предизборна програма, тој е наменет за учениците од основно образование, од прво до петто одделение, појасни градоначалникот.

Јанчев најави дека проектот ќе трае до крајот на учебната година, ќе продолжи цела наредна учебна година и ќе се реализира, согласно претходно регулираните законски постапки, за заштита на безбедноста и здравјето на учениците. Денеска се одржа и координативен состанок околу дистрибуцијата на храната во училиштата. Градоначалникот рече дека храната од оброкот ќе биде разновидна и квалитетна.