Поранешниот премиер Зоран Заев, во придружба на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, пристигнал на „Делфи форумот“ во Грција на мотоцикл од 1 600 кубици, јави грчкиот портал „Вориа“, а пренесува порталот „36 степени“.

Заев, како што изјави за Вориа.гр, тргнал на 22 април од Скопје управувајќи го својот голем мотоцикл. Пред да стигне во Делфи, поминал низ области на западна Грција, а потоа отпатувал за Пелопонез.

Заев ќе биде говорник на „8-от Делфи економски форум“.