Финансиската полиција поднесе три кривични пријави за трговци со овошје и зеленчук за затајување на данок, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека граѓаните ќе бидат заштитени до крај.

-Нема да има никакви отстапки за никој што не ги почитуваат одлуките на Владата.  Апелирам до сите граѓани, да ги пријават сите прекршоци, ние нема да дозволиме да се прекршуваат нивните потрошувачки права. Ние ја поддржуваме работата на пазарниот инспекторат и финансиската полиција, порача Бектеши.

Инаку, кривичните пријави доаѓаат откако Држаниот пазарен инспекторат во соработка со Финансиската полиција пред неколку дена извршија контроли на кванташкиот пазар, каде не биле почитувани одлуките на Владата за замрзнување на цените на зеленчукот.