Боксерскиот сојуз на САД (USA Boxing), кој ја претставува најуспешната земја во олимписката историја ја напушти Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) и ќе се приклучи на отцепената федерација Светски бокс. Мајк Мекати, извршен директор на USA Boxing, напиша во писмо до членовите дека повлекувањето во стила стапува веднаш.
Федерацијата Светски бокс е регистрирана во Швајцарија. Организацијата е основана овој месец од земји, вклучително и САД и Велика Британија, загрижени за олимписката иднина на боксот. “ИБА”, предводена од русинот Умар Кремлев суспендирана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во 2019 година, го осуди Светскиот бокс како „нечесна“ организација.
“ИБА”, порано позната како АИБА, во средата поднесе формална жалба до Независната единица за боксерски интегритет против поединци и ентитети вклучени во отцепеното тело. Мекаати рече дека одборот на боксот на САД едногласно ја одобрил резолуцијата за суспендирање на членството, обвинувајќи ја ИБА дека не ги почитува принципите на нејзиниот устав и дека не ја почитува Олимписката повелба и Олимпиското движење.
Местото на боксот на Олимпијадата по Игрите во Париз следната година останува неизвесно, а спортот не се наоѓа во почетната програма за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, во очекување на реформите што ги бара ИОК. САД имаат освоено 117 олимписки медали во бокс од 1904 година, вклучувајќи 50 златни, но го бојкотираа неодамнешното Светско првенство за жени на ИБА во Њу Делхи./Makfax/