Кинескиот „Rolls-Royce“ се вика „Hongqi L5“,и чини речиси исто колку и неговиот британски имењак.
Првиот модел беше претставен во 2014 година, но сега пристигна редизајн, се разбира со ревидирана цена. Новиот модел штотуку беше претставен на тековниот саем за автомобили во Шангај. „Hongqi L5“ е луксузната лимузина која има најголема реклама бидејќи е официјално возило на кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Иако е нова генерација, на Кинезите нема да им биде лесно да ја разликуваат од претходната. Најголемата иновација е на предниот дел на возилото, каде што е поставена поголема решетка. Објективно, предниот дел е копиран од „Peugeot 404“, кој беше претставен пред педесет години, додека задниот дел е копиран од „Rolls-Royce“. Ентериерот е модернизиран, па во кабината покрај ретро воланот има дури три екрани.
Кога станува збор за погонот, претходната генерација се нудеше во комбинација со 4.0 V8 агрегат со 381 КС, но со 6.0 V12 монструозност со 408 КС. Во новиот модел под огромната хауба ќе има 4.0 V8 турбо мотор, со минимална моќност од 500 КС. Најинтересно, сепак, е цената. „Hongqi L5“ чини шест милиони јуани, или 800.000 евра! Засега се продава само во Кина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.