Мајк Браун, тренерот на Сакраменто Кингс е прогласен за тренер на годината во НБА. По речиси две децении, Сакраменто Кингс се враќаат во плејофот откако регуларниот дел од сезоната го завршија на третото место во Западната конференција.

Advertisements

Сакраменто Кингс во првото коло од плејофот ќе играат против Голден стејт Вориорс, а пред почетокот на плејофот НБА го прогласи нивниот тренер Мајк Браун за најдобар оваа сезона. Кингс беа најдобриот тим во однос на офанзивната ефикасност, имаа најдобар TS% (процент на кошеви од поле и процент на слободни фрлања), имаа втор најдобар процент на кошеви од поле, беа трети по асистенции, седми во процентот на асистенции.

Браун беше избран за тренер на годината од неговите колеги тренери, а сите 30 тренери гласаа за најдобриот меѓу нив. Тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс, оваа награда ја освојуваше во претходните две години./Makfax/

Прикажи повеќе