Делегација на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, предводена од поглаварот Реисул-Улема Шаќир ефенди Фетаи, е во посета на Албанија.
Делегацијата беше примена од шефот на државата Бајрам Бегај за што тој објави на Фејсбук.
– На моите ценети гости им го честитав Светиот месец Рамазан и високо ја оценив  улогата на оваа заедница во зачувувањето и пренесувањето на најценетите вредности на албанштината, како и промоцијата на меѓурелигиската хармонија, стои во објавата.
Муслиманските верници Светиот месец на постот Рамазан го почнаа на 23 март,  кој е од особено значење за верниците насекаде во светот. Празникот Рамазан Бајрам е на 23 месецов и се одбележува три дена.