реклама
Биографката на кралската палата, Тина Браун, потврди во својата книга The Palace Papers дека принцот Вилијам еднаш ги предупредил гостите во Хајгров Хаус да се држат настрана од лененото семе на неговиот татко за време на појадокот.
Очигледно, токму тоа е храната што кралот Чарлс ја јаде секој ден за појадок за да си обезбеди оброк полн со протеини.
реклама
Нутриционистот Сигне Сванфелд верува дека лененото семе има бројни здравствени придобивки и објаснува: „Леното семе може да помогне при варењето и е богато со протеини, влакна и есенцијални масни киселини“.
Покрај ленено семе, кралот Чарлс наутро консумира и домашен леб, свежо овошје и овошни сокови.
реклама
“Домашниот леб обично се прави од брашно богато со хранливи материи, како што се ‘рж и спелта. Свежото овошје и овошните сокови ќе помогнат во внесот на витамини, минерали и влакна”, додава Сванфелд.
Со оглед на хранливата вредност на појадокот, кралот не руча.
реклама
“Некои претпочитаат да јадат многу помали оброци, други претпочитаат неколку поголеми. Сè што одговара на вашиот животен стил е во ред”, вели нутриционистот.
Друга особеност на менито на кралот е тоа што со години не јаде месо и риба два дена во неделата, додека еден ден во неделата воопшто не консумира млечни производи.
реклама