Вицепремиерот Артан Груби не ја исклучува можноста фракцијата на ДУИ, Алтернатива и Беса да соработуваат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека таквата коалиција ќе биде погубна за албанските партии и нивните најистурени експоненти. Груби смета дека капацитетот за мобилизација на таквата коалиција е занемарлив затоа што тие партии ќе соработуваат со една антиалбанска и антиевропска партија, која не води сметка за интересите на земјата.

„Овие наводи беа потврдени од разговорите на Заев и Мицковски за формирање на ново мнозинство со мала група на Албанци внатре, без ДУИ и Алијанса. Идејата ја напуштија главните протагонисти, но не и Албанците што се надеваат да бидат дел од таа коалиција. Николовски сам рече дека во новата влада нема потреба од албанска партија, туку ќе имаат двајца-тројца Албанци, на кои ќе им дадат власт“, вели Груби во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk повикувајќи се на изјава на Мицковски, кој тврдел дека контролира незадоволни пратеници од СДСМ и ДУИ.

Тој е сигурен дека ВМРО се радува на раздорот во ДУИ и се сомнева дека тие се координираат за фракцијата на ДУИ за нападите против него.

„Истите нападите на ВМРО следниот ден ги слушам од моите другари. Нападите ги произведува подземјето, еден агент на државна безбедност, кој е поврзан со Мостра, настаните во Куманово и случајот Алфа и настаните од 27 април и ги пласира еден Албанец, кој е нивен слуга, ги презема ВМРО и се повторуваат од ветерните “, тврди Груби.

Според него, на ВМРО и сметаат Албанците на високи државни функции затоа што на нивно време немаше Албанец претседател на Собрание или министри на важни ресори, како министерство за финансии или надворешни работи.

„Уште не може да тврдиме дека се работи за раздор, туку дека има незадоволство и револт од мала група, која може да мобилизира за да наполни една спортска сала. Нека се и 400, и 1000 и еве нека се и 10 илјади, што фајде од тоа ако се на погрешен пат. Ако нивниот лидер, мнозинството во партијата, ако генералниот совет на партијата им вели дека се погрешен пат“, истакнува Груби.

За него е нејасно од каде толкава омраза од довчерашните соработници, кои секогаш ги поддржувал и тогаш кога лидерот Ахмети не бил сигурен во оправданоста на нивната кандидатура за некоја партиска или државна функција.

Зборувајќи за враќање на националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ, Груби тврди дека Мицковски го злоупотребува стравот на Македонците од уставните измени и наводните претензии на соседите за да дојде на власт.

„Предвремени избори нема да има. Националистичкиот вал на ВМРО нема да помине кај граѓаните оти гледаат дека тоа е манипулација за да дојдат на власт. Очекуваа победа на последните избори, но изгубија од СДСМ со два пратеника разлика. Пораз претрпеа и на референдумот, каде 650 илјади граѓани гласаа за прифаќање на договорите со соседите“, вели Груби и додава дека разликата во рејтинзите не е голема како што тврди ПР на опозицијата.