Колку пратеници има ДУИ во Собрание, 15 или 13? Изет Меџити и Мерита Коџаџику не ја поддржаа реконструкцијата на владата, а без нивните гласови и без гласот на Кастриот Реџепи се виде дека мнозинството има 65 пратеници.
ТВ21: г. Груби синоќа ни рече дека ДУИ не смета на 2 пратеници во смисла дека тие нема да гласаат за реконструкција на владата. Ова се виде синоќа, дека нема доволен број! Што значи тоа?
-Владата претходно имаше 64 пратеника, 64 пратенички мандати кои ја поддржуваа владата. На синоќешното гласање, каде реално се приклучи и некогашната ДПА и никој друг, сега се 65 мандати. Како ги смета Артан пратениците не знам, не верувам дека е најповикан тој за тоа прашање-рече Беџети.
Според организациониот секретар на ДУИ, Блерим Беџети кој синоќа беше гостин во Клик Плус, ниту за АА не е добро влегувањето во влада, но како што вели, оваа акробација најмногу и наштети на ДУИ.
-Политички момент за влез на АА во владата немало и нема. Мотивите и причините ќе се видат следниве денови-изјави Беџети.
Иако рекоа дека со Алијансата во Владата ќе го стабилизираат парламентарното мнозинство, тоа не се случува ниту сега, изјави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити на синоќешниот митинг во Чаир, додавајќи дека и денеска мнозинството продолжува да ја моли ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени.
-Овде пред вас велиме, како што кажавме од почетокот, дека бројките нема да се зголемат како што велат, оваа промена рекоа ја правиме за да го зголемиме и стабилизираме парламентарното мнозинство, да го зголемиме бројот, а синоќа видовме дека бројот не се зголеми. Рекоа ова го правиме за да ги обединиме Албанците, но излезе Алтернатива, влезе Алијанса. Рекоа дека ќе се приближат до 80 за да ги направат уставните измени, а сега ја молат ВМРО-ДПМНЕ за да стигнат до 80.-рече Меџити.
Иако парламентарното мнозинство се зголеми за само 1 пратеник, СДСМ и понатаму се фалат дека парламентарното мнозинство го зголемиле на 65 пратеници.
Промените во парламентарното мнозинство пред неколку дена ги коментираше секретарот на Алтернатива, ЗеЌирија Ибрахими, кој рече дека сега се потребни уште 15 пратеници за спроведување на уставните измени.