„Како што можете да видите дека и со овие лимитирани ресурси Велес се гради. Велес добива нов лик.
Јас сакам само да му честитам на Марко, да честитам на администрацијата, на луѓето кои што се дел од тимот на Марко како градоначалник овдека во Велес. Да им посакам уште многу вакви проекти бидејќи човек нормално е да се радува кога се гледа како нешто напредува, како нешто се гради и како ветувањата се исполнуваат.
Навистина од ден на ден, од посета во посета, можат тие промени да се забележат иако повторно ќе потенцирам имаме работа со Влада и со централна власт која што на секој начин гледа како да ги опструира општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници.
Во која смисла да ги опструира? Ги намалува дотациите, се заканува, а некаде ги одзема ингеренциите во градинките, во училиштата, нема никаква помош. Ако забележите и ако видите каква е помошта од централната влада кон општините каде што имаме градоначалници на СДСМ и ДУИ и ја споредите со оваа каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е од прилика 70% од вкупниот број на население во Македонија ќе видите дека целата помош е сконцентрирана токму на тие општини. Еве Крива Паланка земете ја на пример, Пробиштип, Струмица, итн. и споредете ја со општините како што се да речеме Битола, Прилеп, Велес, Штип итн. ќе видите дека апсолутно нема никаква поддршка од страна на централната влада. Зошто? Тие ги казнуваат граѓаните на овие општини само затоа што тука ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник. Но, тоа нас нѐ мотивира, луѓето се двојно повеќе мотивирани и ќе направат повеќе само за да покажат дека со чесна, храбра и посветена работа и без поддршка од оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДСМ можело да се направи и дека само така може Македонија да оди напред и дека не се сите исти.
Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени овој пристап односно ќе помага низ целата територија на Македонија, секаде без разлика дали градоначалникот ќе биде од редот на ВМРО-ДПМНЕ или од тогашната опозиција предводена од ДУИ, а поддржана од СДСМ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за навредите од премиерот Ковачевски упатени кон пратеничката Бети Стаменкоска и дали се тоа европски вредности кои што треба да ги покаже некој македонски политичар истакна дека е шокиран и згрозен од настанот а хардвардовецот Ковачевски вчера на отворена сцена го покажал сиот свој простотилак, и побара јавно да се извини за навредите.
„Хардвардовецот го покажа вчера на отворена сцена сиот свој простотилак. Но простотилакот претпоставувам го стекнал во животот. Јас нема да го коментирам тој простотилак, згрозен сум, и шокиран од шовинизмот кој што го покажа на отворена сцена, туку тука забележувам како педагог како професор една елементарна работа а тоа е отсуство на домашно воспитување. И тоа е многу значајно да се каже. И кога отсуствува тоа домашно воспитување тоа вие во животот не можете да го надоместите, можете да го криете да се маскирате но порано или подоцна отсуството на домашното воспитување ќе излезе на виделина како што тоа вчера го направи Ковачевски, и ќе се служи со навреди кои што навистина погодуваат. Видете тоа се навреди кои што би рекол не доликуваат никому и на тој начин тој уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува а тоа е претседател на владата на Македонија така што уште еднаш апелирам до него ако малку, ако малку сака да ја сочува својата чест, малку бидејќи таа е тотално изгубена, руинирана, доблесно е да се извини. Доблесно е да излезе и да се извини. Јас уште еднаш ќе го изразам своето шокирање и посакувам ова никогаш повеќе никому да не му се повтори, затоа што сепак ние сме луѓе кои што треба да бидат пример како треба, а не пример како не треба“, нагласи Мицкоски.