В понеделник, 27 февруари, ќе се одржи заедничка седница на владите на Црна Гора и Албанија.
-На оваа средба ќе бидат потпишани повеќе меѓудржавни договори кои се значајни за унапредување на билатералната соработка. Заедничката седница ќе се одржи во новата зграда на Академијата на науките и уметностите на Црна Гора (ЦАНУ) во Подгорица, пренесуваат албанските медиуми.
По потпишувањето на договорите, предвидено е да се одржи прес-конференција на премиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама.
Првата заедничка седница владите на двете земји ја одржаа на 3 јули 2018 година во северниот албански град Скадар, со која претседаваа албанскиот премиер Рама и тогашниот црногорски премиер Душко Марковиќ.