ЕТЦ травел“, е компанија која работи согласно законите и правилата во Република Северна Македонија повеќе години, па сè до денес и придонесува во буџетот на земјата, плаќа плати на неколку вработени и транспарентно постојано ја гради својата репутација, а за квалитетот на нашите услуги најдобар показател се нашите клиенти, реагираат од компанијата по денешната прес-конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиерот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица „Македонија“ во вредност од половина милион евра. Објектот со површина од 127 квадратни метри, додаде Лефков, е купен во време кога Груби е вицепремиер во Владата.
Од „ЕТЦ травел“ објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатливост, пристапиле кон обезбедување сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците.
Извор: ТВ 24